Барса доби понуда од Саудиска Арабија за Рафиња

Напаѓачот на Барселона, Рафиња би можел да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија. Според новинарот Ашраф Бен Ајад, Каталонците добиле понуда за 26-годишниот Бразилец.
Рафиња е во Барселона од минатото лето. Актуелниот договор на играчот е до 2027 година. Според информациите Барса за него ќе бара најмалку 60 милиони евра.
Засега не се споменува ниту клубот од Саудиска Арабија кој е заинтересиран за Рафиња, ниту висината на понудата која стигнала во канцеларијата на Каталонците.