Барса и Најк го финализираат најголемиот спонзорски договор во историјата
Барселона наскоро ќе ратификува договор со производител на спортска опрема врз основа на кој ќе заработи огромна сума, потврдија Каталонците.
Претседателот на клубот Јоан Лапорта, во петокот, одржа состанок со членовите на Управниот одбор на кој беше одобрена нова долгорочна соработка со американскиот производител на спортска опрема „Најки“.
Барселона и споменатата компанија веќе имаат долгорочна соработка, според претходниот договор кој важи до 2028 година, а врз основа на новиот договор меѓу двете страни соработката е продолжена до 2038 година.
Според формулацијата на актуелниот договор (до 2028 година), Барсеона добива 48 милиони евра, а кога ќе се официјализира соработката до 2038 година, тоа ќе значи дека каталонскиот гигант ќе добие загарантирани 100 милиони евра за тој период.
И тоа не е се, Барселона треба да смета и на дополнителните 100 милиони кои следуваат како бонус поради продолжување на соработката.