Барса купува напаѓач, во јануари ќе тргне по Обамејанг

Шпанските медиуми изминативе денови се преполни со шпекулации поврзани со каталонскиот гигант Барселона.

Голем дел од шпекулациите се поврзани со веројатно новиот тренер на клубот, Чави Ернандез кој наскоро треба да биде промовиран како перманентен наследник на Роналд Куман кој неодамна заработи отказ поради лошите резултати.

Јасн е дека Чави ќе добие одредена сума за засилувања во јануарскиот преоден рок, а уште појасно е дека парите ќе бидат потрошени за ангажман на нов напаѓач.

Причината за тоа е што Серхио Агуеро долг период ќе биде надвор од терените поради срцеви проблеми, па на Барселона ќе и е потребен стабилен напаѓач.

Првично се шпекулираше дека четири имиња се можна опција за каталонскиот клуб, за сега добро упатениот „Ел Насионал“ да јави дека од клубот ќе сторат се да го ангажираат Пјер Емерик Обамејанг од редовите на Арсенал.