Барса најде спас за кризата, компанија од Дубаи спремна да го покрие долгот
Компанијата од Дубаи, чие име не е објавено, е подготвена да го откупи долгот на каталонскиот гигант Барселона во износ од 1,5 милијарди евра
Компанијата со седиште во Дубаи е подготвена да и понуди на Барселона мораториум најмалку две години. Така, долгот на фудбалскиот клуб сега ќе го платат бизнисмени од Дубаи, а Барселона ќе остане должна на оваа компанија, но во исто време ќе добие одложено плаќање. Оваа опција ќе му овозможи на клубот да се врати на нормалното работење и да се фокусира на спортските цели.
Оваа понуда е многу корисна за Барселона, бидејќи мораториумот може да се постави за период од 2 до 12 години. Во исто време, барањата на компанијата од Дубаи, која е подготвена да го откупи долгот на Барселона, се доста ниски.