Барса нема да ги откупи договорите на Жоао Кансело и Жоао Феликс
Каталонскиот гигант Барселона денес официјално потврди дека
се разделува со Жоао Феликс, Кансело како и Маркос Алонсо.
Жоао Феликс и Жоао Кансело беа на едногодишна позајмица, па
иако имаа голема желба да останат сепак Барселона не постигна
договор со Атлетико Мадрид односно Манчестер Сити.
„Маркос Алонсо, Жоао Феликс и Жоао Кансело нема да
продолжат во клубот. Договорот на шпанскиот дефанзивец
истекува на 30 јуни, а двајцата Португалци кои играа на позајмица
ќе се вратат во нивните клубови. Барселона сака да им се
заблагодари за посветеноста и верноста и да им посака успех во
иднина“, соопшти Барселона.
Новиот тренер Ханси Флик сака да го задржи Кансело, па
Барселона повторно ќе преговара со Манчестер Сити за
евентуален трансфер.