Барса нема да менува, Куман ќе добие уште една шанса
Барселона засега нема да му врачи отказ на тренерот, Роналд Куман, бидејќи во спротивно ќе мора да му исплатат околу 12 милиони евра, објавија медиумите во Шпанија.
Според наведеното, неговата иднина ќе зависи од наредните три натпревара со Рајо Ваљекано, Алавеш и Динамо Киев.
Со таквите најави не се согласуваат фановите на Каталонците кои по поразот во Ел Класико од Реал Мадрид, жестоко реагираа и побараа холандскиот стратег да го напушти тимот.