Барса објави загуба од преку една милијарда евра

Барселона претстави детален финансиски извештај за финансиската година 2020-2021 година.

„Фискалната година 2020-2021 заврши со оперативни приходи од 631 милион евра, што е под буџетските средства од 828 милиони евра. На крајот, резултатот беше загуба од 481 милиони евра по оданочување поради пад на приходите и повисоки трошоци. Оперативниот приход од 631 милиони евра за 2020-2021 година се намали за 26% во споредба со 855 милиони евра во претходната година (намалување од 224 милиони евра). Трошоците се зголемија за 19% во однос на претходната сезона, и пораснаа од 955 милиони евра на 1,136 милиони евра, што е највисок во историјата на клубот. Според критериумот поставен од лигата, нето-долгот на 30 јуни 2021 година изнесува 680 милиони евра. Банкарскиот долг е 533 милиони евра. Клубот ќе го претстави буџетот за сезоната 2021/2022 со приходи од 765 милиони евра, што е за 21% повеќе од минатата сезона. Зголемувањето главно се должи на закрепнувањето на приходите благодарение на обновувањето на клупските капацитети и особено, продолжувањето на натпреварите на стадионот „Камп Ноу“, каде што се планира постепено враќање на публиката“, се вели во соопштението на Барселона.