Барса одбила огромна понуда за Ламин Јамал
„Добивме понуда од 250 милиони евра за Ламине Јамал и ја одбивме“, изјави претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, во гостувањето во подкастот на клубот.
Неговата изјава ја пренесе Фабрицио Романо, кој додаде дека се работи за понуда од Пари Сен Жермен која пристигнала уште пред официјалното отворање на годинешниот летен преоден рок.
„Која треба да биде вредноста на Јамал, кој исто така го освои Европското првенство и стана еден од најпопуларните играчи во светот, токму сега?“, додаде Лапорта за 17-годишниот скапоцен камен кој минатата сезона стана стандарден првотимец за Барса, се истакна на Европското првенство и беше еден од најзаслужните што Шпанија стана европски шампион.