Барса одбила 200 милиони евра од ПСЖ за Ламин Јамал

Според пишувањата на шпанска „Марка“, ПСЖ се заинтересирал за младиот талент на Барселона, Ламин Јамал и за него се подготвени да платат вртоглава сума пари.

Наводно, парижаните се подготвени да одвојат дури 200 милиони евра, но Барселона сепак одбива секаква продажба на младиот фудбалер.

Според Трансфермаркт, проценетата вредност на Јамал е 60 милиони евра, а се очекува истата да достигне 100 милиони до крајот на сезоната.

Барселона сигурно нема така лесно да се откаже од талентираниот младинец кој во јули треба да наполни 17 години.