Барса од 2023 година привремено се сели од „Камп Ноу“

Поради реконструкција на „Камп Ноу“, фудбалскиот клуб Барселона ќе ги игра натпреварите на Олимпискиот стадион во сезоната 2023/24.

На официјалната веб-страница на Барселона е објавен планот за реновирање на стадионот кој ќе започне летово.

Третото ниво на стадионот ќе биде срушено во летото 2023 година, а потоа фудбалерите на Барселона ќе се преселат на „Монжуик“.

Овој олимписки стадион е изграден во 1929 година, а неговата реконструкција е извршена во 1989 година, непосредно пред почетокот на Олимписките игри во Барселона во 1992 година.

Приходите од набавка на билети нема да заостануваат, бидејќи „Монтжуик“ прима 60.713 гледачи.

Каталонците во сезоната 2024/25 ќе можат да се вратат на „Камп Ноу“, но на располагање ќе имаат само 50% од капацитетот.