Барса планира кам-бек на Дани Олмо

Барселона е заинтересирана за ѕвездата на Лајпциг и шпански репрезентативец, Дани Олмо, пренесуваат каталонските медиуми. Олмо ја помина школата на Барселона во младинските категории, од каде замина за Динамо Загреб каде ја доживеа својата фудбалска афирмација. Минатата година направи трансфер во Лајпциг, каде блеска оваа сезона, па Барселона сака да го врати на „Камп Ноу“. „Барселона секогаш ги следи своите поранешни играчи. Луѓето од клубот во повеќе наврати го следеа во живо. Дани ја напушти Барса за да се изгради како фудбалер и тоа му успеа во Хрватска и Германија“, пишува каталонски „Спорт“.