Барса потпиша со талентираниот Пабло Торе

Барселона го потврди трансферот на младиот фудбалер Пабло Торе од Расинг Сантантдер.

Овој 18-годишен тинејџер потпиша четиригодишен договор со каталонскиот гигант и на почетокот ќе игра за Барселона Б. За овој талентиран играч Барселона плати пет милиони евра. Исто така во трансферот се вклучени бројни бонуси и целиот би можел да изнесува околу 20 милиони евра.

Пабло Торе на екипата ќе и се приклучи во текот на летото, Барселона му постави откупна клазула од 100 милиони евра. Тренерот на Барселона, Чави лично разговарал со тинејџерот и успеал да го убеди да потпише за Барселона.