Барса по шест години закажа азиска турнеја

Објавен е официјалниот распоред за турнејата на Барселона низ Азија, шест години по последната посета на каталонскиот гигант на Далечниот исток.
Блауграната го објави редоследот на пријателските натпревари ова лето, а вкупно ќе одигра три натпревари, пишува каталонскиот спортски весник Mundo Deportivo.
Избраниците на Ханси Флик ќе играат во Јапонија против Висел Кобе (27 јули), а потоа во Јужна Кореја против Сеул (31 јули) и Даиџу (4 август).
Последен пат Барса патуваше во Азија во текот на летото 2019 година, кога Ернесто Валверде беше тренер на Блауграната, а одиграа две пријателски средби: против Челси и Висел Кобе.