Барса се вклучи во трката за Адриен Рабио
Барселона се вклучи во трката за ѕвездата на Јувентус и француската репрезентација, Адриен Рабио, пренесуваат италијанските медиуми.
Рабио влезе во последната година од договорот и нема најави за продолжување на соработката, па на лето ќе замине како слободен агент. Челзи, Тотенхем и Ливерпул покажуваат силен интерес за Французинот, а сега и Барселона се вклучи во трката.
Барселона е во потрага по квалитетен играч за врска, бидејќи Кеси се покажа како промашување, а Де Јонг може да си замине на лето.
Поради тоа Каталонците наскоро ќе стапат во контакт со агентот на Рабио, особено поради фактот што можат да го доведат без обештетување.
Чави останал импресиониран од настапите на Французинот на Мундијалот и го сака во својот тим.