Барса се вклучува во трката по Енцо Фернандез

Барселона е силно заинтересирана за играчот за врска на Челзи и аргентински репрезентативец, Енцо Фернандез, пренесуваат шпанските медиуми.
Одличниот играч од средниот ред не е задоволен од својот статус во тимот и тренерот Мареска не му дава голема минутажа.
Таквата ситуација сака да ја искористи Барселона, која е во потрага по квалитетен играч за врска.
Каталонците сакаат да се ослободат од Де Јонг, па на Челзи му нудат трампа и му ги нудат Де Јонг, Феран Торес и пари за Енцо Фернандез.