Барса се врати на „Камп Ноу“, Атлетик убедливо надигран во Каталонија

По 909 дена поминати на алтернативни локации во градот, оваа сабота попладне играчите на Барселона се вратија на новиот, иако недовршен „Камп Ноу“.

Новата ера беше обележана со натпреварот против стариот ривал Атлетик Билбао, а Роберт Левандовски ќе биде запишан како стрелец на првиот гол на стадионот што ќе чини над една и пол милијарда евра.

Се играше петтата минута кога, Полјакот ја искористи неодоговорноста на Алекс Беренгер. Потоа Барселона имаше две шанси да ја зголеми предноста, а во последните 15 минути од првиот дел играчите на Атлетик притиснаа, но Нико Вилијамс и Унаи Гомез два пати не искористија добри шанси.

Во последните секунди, индолентноста на Јури Берчиче, ја казни Феран Торес.

Проблемите на Атлетик се зголемија во 50-та минута кога Ојан Сансет доби црвен каротн. До карјот на мечот Барселона постигна уште два гола преку Фермин и Феран Торес.

Со овие три бода, избраниците на тренерот Ханси Флик ќе ја поминат ноќта делејќи го првото место со Реал, кој утре ќе гостува кај Елче.