Барса се намачи да го победи „фенерџијата“ Ваљадолид

Фудбалерите на Барселона го победија Ваљадолид со 2-1 во 34-то коло од шпанската Ла Лига.
Ваљадолид го забележа осмиот пораз по ред, а вкупно 19-ти во последните 20 натпревари, а испаѓањето на тимот од Ла Лига беше потврдено претходно.
Барса, од друга страна, освои важни три бода во трката за титулата, па сега има +7 во однос на второпласираниот Реал Мадрид, со натпревар повеќе.
Тимот на Ханси Флик немаше лесна задача против „фенерџијата“, домашниот тим водеше од шестата минута со голот на Санчез.
Долго време ја држеа предноста играчите на Ваљадолид, а Браса шест минути нарави пресврт.
Рафиња израмни во 54-та, а Фермин Лопес погоди за 1-2 во 60-та минута од натпреварот.
Каталонскиот гигант можеше да постигне уште еден гол до крајот на натпреварот, но на крајот беше задоволен од оваа минимална победа.
Во 35-то коло од Ла Лига, Барселона го пречекува Реал Мадрид на 11 мај, но во меѓувреме ги очекува реванш натпреварот од полуфиналето на Лигата на шампионите против Интер.