Барса се откажа од потписот на Хезоња
„Мундо Депортиво“ објави дека Барселона се откажала од Хезоња, а причина е неговата изјава дадена по освојувањето на титулата со Реал пред неколку дена.
„Убаво е што ја освоивме титулата во Шпанија, но се чувствувам лошо бидејќи ја загубивме европската титула во најлошиот натпревар кој го одигравме сезоанва. Ова многу ми значи. Би сакал да им возвратам на навивачите со уште многу титули следниве години. Чувствувам како овој тим и навивачите да ми се семејство, тие ме пречекаа со раширени раце додека многу луѓе зборуваа за мене лоши работи. Затоа сакам да бидам овде уште две години и да им возвратам на луѓето од Мадрид, – изјавил Хезоња.
Ваквата изјава ги налутила во таборот на Барселона, па сега веројатно е дека ќе му пропадне договорот на Хезоња, според кој требаше да заработува 3 милиони евра по сезона. Каталонците вниманието го свртеле кон Кевин Пантер и Американецот сега е поблиску до преселба во овој клуб.