Барса со автогол до три бода на гостувањето кај Леганес

Екипата на Барселона вечерва потешко од очекувањата, но сепак успеа слави победа на гостувањето кај Леганес со 0-1.

Леганес и Барселона одиграа еден натпревар без многу шанси, а беше одлучен со автоголот кој си го постигнаа гостите на стартот од вториот дел во 48. минута. Сопствената мрежа си ја погоди Саенц.

Барселона со овие три бода дојде до „плус седум“ во однос на Реал Мадрид кој утре го игра својот натпревар од ова коло против Алавес.