Барса со четири гола го понижи Реал среде Мадрид
Барселона е најдобра екипа во досегашниот тек на шампионатот во Примера и тоа го потврди и вечерва со доминатна партија против актуелниот првак и лут ривал Реал Мадрид кого го уништи во неговиот дом со 0-4.
Левандовски од 54 до 56 минута постигна два брзи гола за да потоа не реализира два чисти зицери. Потоа му дојде редот на Јамал кој погоди во 77 за да точка во 84 минута стави Рафиња.
Ова за Барселона беше прв триумф над Реал по март 2023 година, триумф со кој отиде на плус шест на табелата во однос на вечерашниот противник.