Барса спрема долг договор за Гави
Спортскиот директор на Барселона Деко изјави дека сака играчот од средниот ред на Каталонците Гави да остане во тимот уште многу години. Младиот играч на Барселона се врати на теренот по тешката повреда, откако оваа сезона веќе забележа шест настапи за тимот.
„Гави претставува се што е Барса. Тој е посебен играч. Неговиот карактер и она што го покажува на теренот е се што треба да има еден фудбалер. Исто така, тој има само 20 години, но изгледа 26 или 27… За него нема подобар клуб од Барса. Мислам дека Барселона ќе стане одличен тим со играчи како Гави, Кубарси, Ламин, Рафиња, Дани Олмо… Сакам Гави да остане уште долго во Барса. Секако дека има преговори, но се зависи од тоа што сака Гави“, коментира Деко во изјава за шпанското издание „Мундо Депортиво“.
Актуелниот договор на играчот од средниот ред е до летото 2026 година.