Барса спремна да му ги исполни барањата на Левандовски, договорот пред реализација
Синоќа имало состанок меѓу претставниците на Роберт Левандовски и шефовите во Барселона. На него присуствувал и фудбалскиот директор на Каталонците, Матеу Алемани.
На агент Пини Захави му бил понуден договор за Левандовски на 2+1 година.
Барселона посочила дека е подготвена да плати 30 до 35 милиони евра за правата на Левандовски.
Во исто време, Баерн не сака да го пушти напаѓачот за толкава сума и Каталонците сметаат на Лева да го притисне германскиот шампион да дојде до трансфер.