Барса чека „зелено светло“ од Ла Лига за официјализација на трансферот на Шчешни
Војчех Шчесни и понатаму чека официјализирање на трансферот во Барселона. Како што пренесуваат медиумите проблем е Ла Лига која се уште ги проверува финансиите на
Барселона и од таму нема да дозволат официјализирање пред да бидат сигурни дека се е во склоп со правилата.
По потписот Барселона веднап ќе може да го регистрира за настапите во Ла Лига и Лигата на шампионите, но прво треба да се провери буџетот. Медиумите пренедуваат дека Тер Штеген нема да биде регистриран поради повреда до крајот на сезоната и така ќе може Шчесни да биде вклучен.
Според најавите официјализирањето на трансферот на Шчесни треба да се случи во неделата која следи. Како и да е Барселона сигурно нема да го има Шчесни на располагање за Јанг Бојс и Алавес, а потоа следи репрезентативната пауза.