Барса ќе го продаде Касадо за да го регистрира Рашфорд

Барселона размислува за продажба на Марк Касадо со цел да прибере средства со кои ќе влезе во правилото 1:1, и да отвори престор за регистрација на Жоан Гарсија и Маркус Рашфорд.

Марк андре тер Штеген одби да замине, купец за Роналд Араухо не се најде па „каталонците“ се подготвени да жртвуваат дете од школата за да го регистрираат Маркус Рашфорд и Жоан Гарсија.

Неколку извори објавија дека на продажба е ставен Марк Касадо, кој минатата сезона сериозно се наметна по укажаната шанса од Ханси Флик.

Но Барса верува дека е добро покриена во средниот ред, па може да си дозволи трансфер на Марк Касадо за да влезе во правилото 1:1.

Се шпекулира дека е поставена цена од 30 милиони евра, а Баерн Минхен и Атлетико Мадрид се посочуваат како клубовите кои пројавуваат интерес.

Останува да се види дали Марк Касадо ќе сака да замине, тој од мали нози е навивач на Барселона и во една изјава рече дека посакува целата своја кариера да ја помине на Камп Ноу.