Барса ќе добие отштета од ФИФА за повредите на Гави и Араухо

Барселона имаше проблеми со повредени фудбалери и минатата
сезона, а за новата тие започнаа уште во предсезоната.
За време на репрезентативните обврски во текот на летото
повреди заработија двајца важни фудбалери на каталонскиот
гигант.
Играчот за врска Гави се повреди во настапот на Европското
првенство помеѓу Шпанија и Германија, а за Барселона е добро
што тој ќе се врати во текот на август пред почетокот на сезоната.
Сепак, ќе пропушти дел од подготовките.

Поголем проблем за Барселона е ситуацијата со дефанзивецот
Роналд Араухо кој го чека пауза до октомври. Aраухо се повреди
на Копа Америка во дуелот помеѓу Бразил и Уругвај.

Поради ваквата ситуација ФИФА ќе и исплати на Барселона сума
од 2.5 милиони евра за Араухо и 700.000 евра за Гави.