Барса ќе му понуди петгодишен договор на Гави

Барселона сака да го обнови договорот со својот 17-годишен играч од средниот ред Гави.

Според изворот, во блиска иднина каталонскиот клуб ќе му понуди на играчот нов петгодишен договор. Гави потекнува од школата на Барселона. Договорот на играчот од средниот ред со клубот е до јуни 2023 година. Според него, играчот добива плата еднаква на онаа што ја имал во резервниот тим на Каталонците. Според интернет порталот Трансфермаркт, пазарната вредност на играчот е 25 милиони евра.

Гави оваа сезона дебитираше за главниот тим на Барселона. Од сите натпрерварувања Гави учествуваше на 21 натпревар, постигна еден гол и три асистенции.