Барса ќе отпочне преговори со Мароканецот Амбрабат
Барселона и понатаму е заинтересирана за трансфер на играчот од средниот ред на Фиорентина, Софијан Амрабат, пренесува италијанскиот спортски новинар Фабрицио Романо.
Каталонците ќе се обидат да го ангажираат 26-годишниот фудбалер на лето, но би можеле да се соочат со проблеми поради правилата за финансискиот фер-плеј. Амрабат сака да игра за клуб од Ла Лига, но финансиската состојба на Барселона најверојатно ќе биде голема пречка за тоа. Каталонците се обидоа да го земат Амрабат на позајмица до крајот на сезоната, но Фиорентина одби да го пушти играчот од средниот ред да замине бидејќи размислуваат да го продадат наместо да го позајмат.
Актуелниот договор на Амрабат со „виолетовите“ е до летото 2024 година. Цената на мароканскиот интернационалец е 25 милиони евра. Играчот од средниот ред во својата кариера настапуваше за Верона, Клуб Бриж, Феенорд и Утрехт. Во тековната сезона Амрабат има одиграно 35 натпревари за италијанскиот клуб во сите натпреварувања.