Барселона бара купувач за голманот Нето

Раководството на Барселона е решено да се ослободи од голманот Нето. Бразилецот сезонава оствари само 3 настапи во сите натпреварувања за каталонците, и на лето сигурно ќе го напушти „Камп Ноу“.

Барса бара купувач за 32-годишниот голман, но во случај да не најде кандидат за негов потпис, договорот со Нето ќе биде раскинат.

Нето е член на Барселона од 2019 година, кога пристигна од екипата на Валенсија.