Барселона блиску до ангажман на Кристенсен од Челзи
Дефанзивецот, Андреас Кристенсен, по се изгледа дека на крајот од сезоната ќе го напушти неговиот актуелен клуб Челзи.
Данскиот интернационалец нема намера да потпише нов договор со клубот од Стенфорд Бриџ, и најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Барселона.
Каталонците од поодамна ја следат ситуацијата со Кристенсен, и сега се во можност да ја искористат шансата за негово ангажирање како слободен играч, без обештетување.
25-годишниот Андреас Кристенсен настапува за Челзи од 2015 година, и неговата пазарна вредност според Трансфермаркт изнесува 35 милиони евра.