Барселона во нови проблеми, одложени претседателските избори

Пандемијата на КОВИД-19 е главната причина поради која се одложени претседателските избори на фудбалскиот гигант Барселона.
Изборот за прв човек на каталонците требаше да се одржи на 24. јануари, но поради рестриктивните мерки кои се воведени во Шпанија за заштита од КОВИД-19, тоа во моментот е невозможно.
Голем број на делегати кои требало да присуствуваат на гласањето на денот на изборите, не се во можност да дојдат во Барселона.
Наскоро ќе биде одреден нов датум за избори на кои најсериозен кандидат е поранешниот претседател на Барселона, Хуан Лапорта, а големи шанси има и Виктор Фонт.