Барселона во јануари ќе продава четворица играчи
Екипата на Барселона планира да продаде неколку играчи за да добие финансиски средства доколку сака да донесе засилувања во јануари.
Каталонците имаат намера да ги продадат Самуел Умтити, Сержио Дест, Кутињо и Оскар Мингеса. Изгледно е дека клубот ќе се ослободи и од Лук Де Јонг кој игра како позајмен играч од Севиља.
Со продажбата на овие играчи, Барселона би имала доволно пари за купување на Феран Торес од Манчестер Сити, како и некои други играчи кои би ја засилиле екипата во продолжението на сезоната.