Барселона ги потврди повредите на Кунде и Араухо

Фудбалскиот клуб Барселона денес го соопшти степенот на повредите на Французинот Жил Кунде и Уругваецот Роналд Араухо.
Кунде има повреда на тетивата од левата нога и ќе биде надвор од теренот се додека трае опоравувањето кое не се очекува да биде долго. Тој се повреди на натпреварот од Лигата на нации помеѓу Франција и Австрија, поради што беше заменет во првото полувреме.
Араухо беше заменет во петтата минута од пријателскиот дуел на Уругвај со Иран, а од каталонскиот клуб соопштуваат дека тој ја скинал тетивата и ќе мора да паузира најмалку еден месец.