Барселона го договори првото засилување за 2021. година!
Англиските медиуми јавуваат дека Барселона го договори првиот трансфер за 2021. година. Ерик Гарсија ќе го напушти Манчестер Сити и ќе потпише петгодишен договор со каталонскиот клуб.
Така, 19-годишниот шпански дефанзивец ќе се врати во клубот кој го напушти како тинејџер со 16 години. Не успеа да добие шанса под Пеп Гвардиола, досега одигра само 30 натпревари, а оваа сезона само седум.
Барселона наводно се обиде да го доведе Гарсија уште минатото лето, но Сити инсистираше на 10 милиони евра, кои каталонците не сакаа да ги платат. Сега, најверојатно ќе го доведат како слободен играч.
Сити му нудеше продолжување на договорот на Гарсија уште пред пет месеци, но Гвардиола и јавно истакна дека Гарсија не сака да остане во клубот.