Барселона го „мерка“ Бубакар Камара од Марсеј
Барселона е видно заинтересирана за доведување на играчот за врска на Олимпик Марсеј, Бубакар Камара.
Младиот репрезентативец на Франција е еден од подобрите играчи во Марсеј каде веќе се етаблира како стандарден првотимец.
Договорот на Камара со тимот од Франција му истекува на крајот од сезонава, но тој од 1 јануари има право да преговара со други клубови кои се заинтересирани за него.
Барселона за потписот на 22-годишниот играч за врска ќе мора да се бори со Манчестер Јунајтед кој исто така посакува да го види во своите редови.