Барселона го обнови интересот за Стерлинг
Медиумите од Англија пишуваат дека раководството на Барселона го обнови интересот за фудбалерот на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг.
Се очекува во летниот период да се случат сериозни играчки промени во тимот на „граѓаните“ кои најмногу ќе се однесуваат на дел од офанзивните играчи на англискиот шампион.
Барселона имаше интерес за Стерлинг уште во 2015 година, кога тој беше дел од Ливерпул, меѓутоа тогаш напаѓачот реши да се пресели во Сити.