Барселона е во потрага на замена за Агуеро

Каталонскиот гигант Барселона, започна со барање на играч кој во тимот би го заменил Кун Агуеро. Аргентинецот е надвор од терените поради срцева аритмија која лекарите му ја дијагностицираја неодамна, па поради тоа не се знае со точност дали и кога повторно би се вратил на футбалот.

Шпанските медиуми известуваат дека Барса ќе се обиде да го доведе Нигериецот Умар Садик кој настапува за екипата на Алмерија во шпанската Сегунда.

Садик е вистинско откровение во тимот на Алмерија оваа сезона, каде на 15 натпревари има постигнато 7 голови и 6 асистенции.  Неговата пазарна вредност изнесува 25 милиони евра и во моментот е следен од неколку европски клубови, но сепак предност при евентуален трансфер би имал клубот од „Ноу Камп“.