Барселона за Ел Класико подготви специјални дресови

На социјалните мрежи се појави фотографија од дресот со кој Барселона на 11. април ќе го одигра натпреварот против својот најголем ривал, Реал Мадрид.
„El Clasico Special Edition“ е наречен дресот кој за прв пат ги комбинира традиционалните бои на Барселона и каталонското знаме.
„Да играме такви какви што сме.“ – стои во пораката со која Барселона сака со овој дрес да ја нагласи припадноста на клубот и вредностите кои истиот ги претставува.
„Ова е спој на гордоста на Барселона и нејзините корени.“ – порачуваат од каталонскиот гигант.
Амбасадор на кампањата за овој дрес ќе биде легендарниот капитен на Барса, Карлес Пујол, а дресот во продажба ќе се најде до крајот на месецот.