Барселона му даде отказ на Куман

Од фудбалскиот клуб Барселона соопштија дека Роналд Куман не е повеќе тренер на каталонскиот тим.
Претседателот на клубот, Жоан Лапорта, ја донел оваа одлука веднаш после првенствениот пораз на Барса од Рајо Валекано кој заврши со резултат 1:0.
Куман веќе се збогувал од играчите, додека Барселона е во потрага по ново тренерско име.
Тимот на Барселона под раководство на Куман, оваа сезона забележа 5 победи, 5 порази и три нерешени резултати. Холанѓанецот ја остава Барса на 9-то место во шпанското првенство, со вкупно освоени 15 бода. Во лигата на шампиони од одиграни 3 натпревари имаат два порази.
Роналд Куман пристигна во Барселона во август 2020 и со екипата го освои само шпанскиот Kуп.