Барселона планира продажба на Френки Де Јонг
Од фудбалскиот клуб Барселона пристигаат информации дека е можна продажба на Френки де Јонг во летниот преоден рок.
Каталонците се подготвени сериозно да ги разгледаат евентуалните понуди за холандскиот интернационалец во своите редови. Со продажбата на де Јонг, Барселона би добила прилично висок износ на парични средства кои би ги искористила за доведување на играчи кои недостигаат на одредени позиции во екипата. Тренерот Чави планира средниот ред во тимот да го гради околу младите играчи кои потекнуваат од академијата, како што се Гави, Педри, Нико Гонзалес и Рики Пуч. Нивни ментори остануваа искусните Серхио Бускетс и Серж Роберто.
Најголем интерес за евентуално купување на Френки де Јонг засега доаѓа од Пеп Гвардиола и неговиот Манчестер Сити.