Барселона поради КОВИД-19 ги откажа тренинзите!
Барселона официјално потврди дека има двајца позитивни на КОВИД-19, се работи за лица од стручниот штаб, идентитетот не е откриен, а клубот го откажа тренингот и прес -конференцијата пред дуелот со Билбао закажан за утре.
Атлетик Билбао е домаќин на Барса утревечер од 21. часот, но сега е неизвесно дали средбата воопшто ќе се одигра.
Клубот од Каталонија објави официјално соопштение во кое се потврдени двата случаи на позитивни од КОВИД-19 во стручниот тим, информирани се здравствените власти и преземени се сите неопходни чекори за изолација.
