Барселона пред конечен договор со Обамејанг

Екипата на Барселона е блиску до договор за ангажман на напаѓачот на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг.

Преговорите за доаѓање на Обамејанг ги одложува само износот на платата која ќе ја добива играчот а изнесува 350 илјади фунти неделно.

Барселона предлага да го доведе играчот на позајмица од Арсенал до крајот на сезоната, но тие нема да имаат обврска за целосен откуп на неговиот договор по истекот на првенството.

32-годишниот репрезентативец на Габон е во лоши односи со тренерот на Арсенал, Микел Артета кој поради недисциплина го исфрли од првиот тим и му ја одзеде капитенската лента.