Барселона продаде дел од ТВ правата за 207,5 милиони евра

Фудбалскиот клуб Барселона продаде 10 % од клупските телевизиски права за натпреварите во Примера за наредните 25 години. 

Барселона ТВ правата ги продаде на американскиот фонд „Сикст Стрит“ за износ од 207,5 милиони евра.

Во соопштение од клубот се наведува дека со оваа трансакција Барса оствари капитална добивка од 267 милиони евра за наредната сезона.

Продажбата на телевизиските права е дел од финансиска одлука преку која ќе се зголемат приходите на клубот и ќе се овозможи купување на нови играчи.