Барселона сака да го обезбеди потписот на Франк Кеси

Фудбалерите на Барселона веќе почнаа да се подготвуваат за следната сезона и нивното внимание ќе биде насочено кон доведување квалитетни играчи кои остануваат без договор и ќе бидат слободни играчи на пазарот. Една од трансфер целите на тимот е играчот од средниот ред на Милан, Франк Кеси, чиј договор истекува на крајот од сезоната.

25-годишниот Кеси прикажува одлични партии откако пристигна во Милано од Аталанта, но најверојатно ќе го напушти „Сан Сиро“ на крајот од договорот во јуни. 

Од Барселона во Кеси гледаат наследник на капитенот Бускетс кој наскоро ќе наполни 34 години и прашање е дали ќе може да игра со исто темпо како и досега.