Барселона се договори со Адама Траоре

Фудбалскиот клуб Барселона упати официјална понуда до екипата на Вулверхемптон за ангажман на Адама Траоре, и таа ќе биде прифатена.

Предлогот на Каталонците е шпанското репрезентативно крило, да пристигне на Камп Ноу како позајмен играч до крајот на сезоната, но со опција за целосен откуп ова лето за 35 милиони евра.

Иако понуда за Траоре испрати и лондонски Тотенхем, сепак играчот посакува да се врати во Барселона каде и започна со професионалното играње на фудбал преку академијата Ла Масиа.

Преселбата на 26-годишниот фудбалер во редовите на Барселона се очекува да се реализира но наредниве неколку дена.