Барселона се договори со младиот Пабло Торе

Шпанските медиуми пренесуваат дека Барселона е многу блиску до потпис со талентираниот Пабло Торе, кој настапува за Расинг Сантандер.
18-годишниот Торе е офанзивен играч од средината на теренот и настапува за репрезентацијата на Шпанија до 19 години.
Раководството на каталонскиот клуб веќе постигна начелен договор со фудбалерот чија цена е десет милиони евра.
За Торе беа заинтересирани и други европски клубови, меѓутоа пресудна улога за неговото пристигнување во Барселона одигра тренерот Чави кој е негов фудбалски идол.