Барселона со ултиматум за Дембеле
Од фудбалскиот клуб Барселона, го известија нивниот играч Осман Дембеле дека има време до 31.декември за да одлучи дали ќе потпише нов договор со каталонците.
Менаџерот на франсцускиот напаѓач, веќе подолго време ги игнорира понудите за продолжување на договорот кои пристигаат од раководните луѓе на Барса се со цел да му овозможи на својот клиент можност да отвори разговори и со останати клубови во јануари.
Но од „Камп Ноу“ стигна многу јасна порака во вид на ултиматум дека ако Дембеле не даде повратен одговор на последната понуда од Барса до крајот на годината, тогаш тие ќе сметаат дека тој дефинитивно го напушта клубот по завршетокот на сезоната.