Барселона ќе мора да го намали буџетот за 200 милиони евра

Челниците на шпанската Ла Лига ги известиле одговорните во Барселона дека клубот ќе мора да го намали својот буџет за плати за да не дојде во проблеми околу Финансискиот фер-плеј.
Ситуацијата во Барселона налага клубот да мора да го смали својот буџет за 200 милиони евра, а тоа ќе значи дека на лето ќе мора да продаде некои од своите играчи кои примаат високи плати.
Во центарот на вниманието се играчите Френки де Јонг, и Ансу Фати кои минатото лето беа трансфер мети на Манчестер Јунајтед.
Де Јонг има договор со клубот до 2026.година, и за негови плати во наредните сезони клубот ќе треба да идвои околу 88 милиони евра. Вредноста на Ансу Фати клубот ја проценува на 101 милион евра, а фудбалерот има неделна плата од 225 илјади евра.
Барселона ќе се обиде да го намали буџетот за плати и со заминувањето на Бускетс, Џорди Алба, Серхио Роберто и Франк Кеси.