Бартомеу обвинет за криминал при трансферите на Гризман и Малком

Барселона го извести обвинителството бидејќи пронајде „криминал“ при работењето на претходното раководството. Спорни се два трансфери, тие на Антоан Гризман и Малком, пренесуваат каталонските медиуми.

Според собраните информции и документација, сегашното раководство има основано сомнение за криминал и корупција при овие два трансфери.

Гризман беше купен во 2019 година од Атлетико Мадрид за 120 милиони евра, а потоа Каталонците им платија уште 15 милиони евра на „јорганџиите“.Атлетико Мадрид ја обвини Барселона за нерегуларности, дури достави и жалба до федерацијата, па за случајот да не заврши на суд, двата клуба  се договорија да бидат платени додатни 15 милиони евра.

Исто така спорни се и четири провизии кои Барса ги платија при реализација на трансферот на Гризнан и тоа на неговата сестра, тратко, агент и на семејниот адвокат на Французинот.