Бастони доби нов подобрен договор во Интер
Интер ризикува да се раздели со некои од клучните играчи ова лето, но Алесандро Бастони нема да биде меѓу нив. Централниот дефанзивец потпиша нов договор со Интер до 2024 година. Бастони стана столб на одбраната под водство на Антонио Конте и ја имаше главната заслуга за освојувањето на титулата минатата сезона. Преговорите за неговиот нов договор беа одложени за некое време, но на крајот сепак се е договорено. Бастони одигра 33 натпревари оваа сезона во Серија А, а од влегувањето во првиот тим на Интер има 74 настапи на официјални натпревари. Тој е исто така репрезентативец на Италија. 22-годишниот дефанзивец го привлече интересот на многу клубови со своите редовни настапи. Се сметаше дека Баерн Минхен ќе даде понуда за него, но Баварците веќе го купија Упамекано од Лајпциг.