Бастони спремен да ја замени Италија со Шпанија

Медиумите во Италија наведуваат дека дефанзивецот на Интер, Алесандро Бастони, може да си замине во текот на летото.
„Sportmediaset“ и „Calciomercato“, сугерираат дека нероаѕурите ќе бараат најмалку 60 милиони евра за неговиот потпис а сумата може да се зголеми и до 70 милиони со бонуси.
Бастони стана контроверзна фигура во Италија по инцидентот на дербито со Јувентус . За него се заинтерсирани екипи од Шпанија и Англија.